Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Тажна вест ја потресе јавноста во Неготино и целата тиквешка област — по речиси една година неизвесност, пронајдено е телото на 28-годишниот Миле Тодоров, кој исчезна во јануари годинава. Информацијата ја потврди неговата сестра Марија, која со голема болка се збогува со братот.
„Летај со ангелите, Мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Почивај во мир и спокој“, напиша таа.
Од МВР засега нема официјална потврда околу локацијата и околностите под кои било пронајдено телото на Тодоров.
Семејството на Миле со месеци живееше во неизвесност, опишувано како борба помеѓу надеж и очај, додека траеше интензивната потрага по него. Во акцијата беа вклучени стручни тимови, полиција и бројни доброволци од целата околина, но ниту една трага не доведе до конкретен одговор.
Миле исчезна наутро, на денот кога требало да се појави на работа во фирмата „Метал Апостолов“ во Кавадарци. На сопственикот му соопштил дека дава отказ, по што заминал пеш кон Неготино. Последен пат бил забележан кај селото Марена, според снимки од надзорни камери и изјави на очевидци.
Телефонот му беше пронајден во близина на реката Луда Мара, но понатамошните напори да се открие неговата трага не доведоа до резултат — сè до денес, кога семејството ја доби болната вест за неговата смрт.
Јавноста сочувствува со семејството Тодоров, кое ја преживеа најтешката можна година, надевајќи се на среќен епилог кој за жал не дојде.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...