Ирански амбасадор предупредува: Воени бази во Европа можат да станат легитимна цел
13.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Холивуд и светскиот филм изгубија еден од своите најголеми имиња. Роберт Дувал почина на 95-годишна возраст, носејќи со себе кариера која се протегаше низ повеќе од шест децении и остави неизбришлива трага во историјата на кинематографијата.
Дувал е добитник на Оскар за најдобра машка главна улога во филмот „Нежно милосрдие” (1983), каде го отелотвори проблематичниот кантри-пејач Мак Слеџ. Во текот на кариерата беше номиниран за Оскар седум пати, а ги освои и наградите БАФТА, четири Златни глобуси и две Еми награди.
Меѓу неговите најпознати улоги се Том Хејген, доверливиот советник на семејството Корлеоне во легендарниот „Кумот“, и поручникот Килгор во воената класика „Апокалипса денес“. Неговата реплика „Го сакам мирисот на напалм наутро” стана една од највечните реченици во историјата на светскиот филм. Блесна и во минисеријата „Осамена гулабица”, „Апостол”, „Судецот” и „Денови на гром”.
Роден во 1931 година во Сан Диего во семејство на американски морнарички офицер, Дувал го избра актерството наместо воената кариера. Се преселил во Њујорк, студирал глума и работел како поштар, а меѓу неговите колеги на студиите биле Дастин Хофман и Џин Хекман. Во филмот дебитирал во 1962 година со улога во „Да се убие птица подбивница”.
Дувал беше женет четири пати, а зад себе ја остави сопругата, аргентинската актерка Лусијана Педраса. Со неговото заминување, светот на киното губи актер кој во секоја улога внесуваше интензитет, автентичност и сила — квалитети кои го прават бесмртен во историјата на кинематографијата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
На 58-годишна возраст, во Еквадор почина Кирил Поп Христов - Кили, долгогодишен член на МНТ и незаборавна личност на македонската...
Дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски имаше европска премиера во кино Галерија во Брисел, пред публика од дипломати, претставници на...
Во Јуроп хаус во Скопје вечерва се промовира новиот роман Тринаесеттиот на Лидија Димковска – нејзиниот прв наслов наменет за...
Народниот театар Битола ја премиерира претставата „Пинокио" по Карло Колоди, во режија на Дејан Дамјановски – прв пат по 30...
На 79-тата БАФТА церемонија во Лондон, апсолутен победник беше „Една битка по друга", додека Роберт Арамајо историски освои и главна...
На 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова и македонски институции ги упатија своите пораки за значењето на...
Битолскиот народен театар ја одржа првата премиера за 2026 со драматизацијата на романот Пламенка од Петре Димовски, во режија на...
Балканскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Скопје на 20 март во Јане Сандански, по три распродадени концерти во...
Македонската театарска, филмска и телевизиска сцена се прости од актерката Ленче Делова која почина на 77 години.
Една од најистакнатите македонски театарски и филмски актерки почина на 77-годишна возраст. Во текот на својата богата кариера настапи во...