Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
NORTH MACEDONIA NIGHT CLUB FIRE
На 19 ноември во 9:30 часот ќе се одржи првото рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а десетици беа повредени. Од Кривичниот суд – Скопје соопштија дека поканите до странките се веќе во фаза на достава, а судењето ќе се одвива во рамките на Казнено-поправната установа „Идризово“. Предметот ќе го води судијката Диана Груевска-Илиевска, додека судијата Ахмед Идризи ќе биде втор член на судечкиот совет. За ефикасно постапување, веќе се закажани и повеќе термини за главна расправа: 25 и 26 ноември, 2, 4, 10 и 11 декември, а по почетокот на процесот ќе бидат утврдени и дополнителни датуми.
Родителите и блиските на загинатите соопштија дека по добивањето на датумите за рочишта, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но „Маршот за Ангелите“ ќе продолжи секоја сабота во 15:05 часот во Кочани, како симбол на нивната упорност и борба за вистината. „Очекуваме фер, транспарентен и непристрасен процес, во кој секој што има одговорност ќе ја понесе. Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија“, порачаа од здружението „16 март 2025“.
Денес, кога се навршуваат седум месеци од трагедијата, беше погребан Владимир Блажев – Панчо, фронтменот на групата ДНК, кој по 213 дена лекување им подлегна на повредите од пожарот. Семејствата, пријателите и музичарите му оддадоа последна почит, а неговата смрт повторно ја разбуди болката и прашањето кое се слуша на секој протест: Кој ќе ја понесе одговорноста за 63 изгубени животи?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...