Skip to content

Под стреата на куќата криел плантажа канабис- уапсен скопјанец

0 мин. читање
Сподели

Вчера околу 19:00 часот во селото Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И. (50) од истото село.

При извршување службени дејствија, полицијата забележала дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис.

Со судска наредба, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес во домот на осомничениот, при што биле пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис, како и две ќеси со помали гранчиња.

Лицето е задржано во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.