Skip to content

Полиција со дронови го пребарува село Орел – се бара исчезнатата Злата Јанкова

1 мин. читање
Сподели

Засилено полициско присуство и употреба на дронови беа забележани денеска во светиниколското село Орел, каде се спроведува интензивна потрага поврзана со исчезнувањето на 45-годишната Злата Јанкова.

Полицијата пребарува стари бунари и околината на викенд-куќите во населбата. Локалните жители веруваат дека властите пронашле значаен траг.

„Полиција насекаде, го пребаруваат бунарот, дронови летаат, но никој ништо не ми кажува. Мислам дека ја бараат Злата”, изјави еден од жителите.

Злата Јанкова исчезнала во јуни 2024 година. Нејзиниот сопруг веќе речиси две години ја бара, организирајќи штрајкови со глад за да ги притисне властите да ја лоцираат неговата сопруга. Овој терен бил пребаруван и претходно, но без резултати.