Skip to content

Полицијата во Германија вози Шкода, пожарникарите исто така

1 мин. читање
Сподели

Шкода Кодијак стана специјално возило на полицијата во сојузната држава Хесен, а со истиот модел се подновија и пожарникарите во Мајнц.

Според Шкода Дојчланд, големиот СУВ на чешката марка во концернот Фолскваген посебно одговара за преработка во возило за специјална примена, благодарение на приспособливата кабина и изобилството од простор.

Полицијата на германската сојузна држава Хесен, во иднина ќе ги обавува своите секојдневни должности возејќи Шкода Кодијак. Како командно возило, СУВ-моделот на Шкода ќе вози и во служба на пожарникарите во градот Мајнц.

Погон на сите тркала, менувач ДСГ и 2.0 ТДИ избор и на полицајците и на пожарникарите

Шкода Кодијак во служба на полицијата и во служба на пожарникарите на Шот АГ, вози со дизел мотор. Дволитарскиот ТДИ располага со 193 КС и стандардно се испорачува со 7-степен менувач со двојна спојка ДСГ, како и со погон на сите тркала. На тој начин се обезбедува дека ќе се реагира во сите временски услови.

Целата преработка на возилата за примена во двете различни подрачја ја организира увозникот Шкода Ауто Дојчланд. Секако постојат и поволности околу цените, што се договараат непосредно.

Полициските возила располагаат со сигнализација на покривот, радио врска и посебен оддел во багажникот. Со 910 литри зафатнина, багажникот на СУВ-то долго 4,76 метри, нуди изобилство можности.

Шкода има долга традиција како полициско возило во Македонија.