Skip to content

Посетители му ги украдоа подароците на мајмунот Мики на неговиот прв роденден во Зоо Скопје

1 мин. читање
Сподели

Невкусен инцидент во Зоолошката градина во Скопје – посетители украле половина од подароците наменети за првиот роденден на мајмунот Мики, гибон кој стана омилен на скопјани.

„Правевме роденден за Мики, пола подароци му ги украдоа гостите”, сподели Војо Иванов, вработен во Зоолошката градина. Настанот бил организиран со добра намера за да се одбележи првата година од животот на малиот гибон.

Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните изразија разочарување од однесувањето на одредени посетители. Зоолошката градина не соопшти дали ќе преземе дополнителни мерки за заштита на подароците и реквизитите при идни настани.

Мики е еден од најпопуларните жители на Зоолошката и редовно привлекува голем број посетители, особено семејства со деца.