Skip to content

Повеќе скопски населби утре без вода

0 мин. читање
Сподели

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември, поради два одделни зафати на водоводната мрежа, делови од Скопје ќе останат без вода или со намален притисок. Од 11:00 часот до отстранување на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на улиците:
Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и делови од Бутелска (крак 1–35 и крак 2–14) – подрачје општина Бутел. Од 05:00 часот до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, ул. Палмиро Тољати, ул. Маџари, населбата Методија Андонов – Ченто, с. Сингелиќ, како и делови од ул. 808 и бул. Киро Глигоров – општина Гази Баба.

Намален притисок ќе имаат и корисниците во: Автокоманда (ниска зона), Триангла, Хиподром, како и делови од ул. Перо Наков (околу Кванташки пазар).