Skip to content

Преговори САД-Иран можни оваа недела, но Техеран порачува – нема измама

1 мин. читање
Сподели

Директни американско-ирански преговори би можеле да се одржат оваа недела во Исламабад, соопштуваат дипломатски извори. Иран, меѓутоа, порачува дека ќе ги употреби сите воени капацитети и дека Трамп нема да ги измами.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на нападите и покрај најавите за американско-ирански разговори. Според израелски медиуми, постои можност војната да заврши до 9 април.

Хуманитарната ситуација продолжува да се влошува – Црвениот крст предупредува дека ситуацијата ризикува да стигне до „точка на невраќање”. Во Либан се регистрирани над 1.000 загинати откако започна израелската офанзива.

На енергетските пазари, цените на нафтата првично паднаа откако Трамп ги одложи нападите врз иранската инфраструктура, но потоа повторно пораснаа како резултат на ескалацијата на тензиите. Ситуацијата останува крајно нестабилна, со дипломатски и воени активности кои се менуваат од час во час.