Skip to content

ПРЕКРШУВАЊЕ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – ПРИЈАВЕНИ ПОТКУПИ И ПРИТИСОЦИ ВРЗ ГЛАСАЧИ

0 мин. читање
Сподели

Екипите на „Инфомакс“ вечерва забележаа сериозни изборни нерегуларности и прекршување на изборниот молк во повеќе градови низ Македонија, само еден ден пред првиот изборен круг.

Во Прилеп, е отворен штаб на политичка партија од каде се дели промотивен материјал, а според неофицијални информации постојат и индиции за поткуп на гласачи.

Слична ситуација е забележана и во Крива Паланка, каде исто така бил активен штаб на политичка партија во тек на изборниот молк. Според информациите, таму се делеле флаери и промотивен материјал, а се сомнева дека бил вршен и поткуп.

Во Пробиштип, граѓани пријавуваат притисоци врз гласачи, присуство на необележани возила и засилено полициско обезбедување околу избирачките места.

Дополнителни индиции за прекршување на молкот и предизборен поткуп доаѓаат и од Куманово, каде е забележано зголемено движење на активисти и сомнителни активности поврзани со политички субјекти.

Граѓаните се повикуваат сите сомнежи за изборни нерегуларности да ги пријават во Државната изборна комисија или Министерството за внатрешни работи.