Skip to content

Претрес во Богданци: пронајдена дрога, приведен 54-годишен маж

1 мин. читање
Сподели

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија во понеделникот (21 октомври) спровеле акција во Богданци, при што бил приведен 54-годишниот А.Р. поради сомнение за недозволено производство и трговија со наркотични дроги.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени:
– околу 1,1 килограм марихуана,
– четири засадени стебла канабис,
– остатоци од гранки и предмети со траги од дрога.

Запленетата марихуана е обезбедена како доказен материјал, а лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава против осомничениот.