Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
По неколкунеделниот хаос со отпадот во главниот град, случајот со нефункционирањето на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје доби драматичен епилог.
Според информации потврдени за „Вечер“, денеска се приведени директорот на претпријатието Сабахадин Рустеми и уште едно раководно лице, по наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје.
Од обвинителството потврдија дека се преземаат дејствија за обезбедување докази за можно кривично дело од член 230 од Кривичниот законик – загрозување на животната средина и природата со отпад.
„По наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП ‘Комунална хигиена’ во врска со сомненија за кривично дело од член 230“, соопштија од ЈО.
Интервенцијата следи по извршените вонредни инспекциски контроли во претпријатието и најавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно најави „интересна разврска“ во случајот.
Мицкоски денеска изјави дека очекува проблемот со сметот во Скопје наскоро да биде надминат, додавајќи дека градоначалниците на Велес, Штип, Кавадарци и Куманово веќе помогнале со механизација за расчистување на отпадот.
„Во следните неколку дена, вторник, петок и сабота, ќе продолжат активностите, а откако ќе победи Орце Ѓорѓиевски и се изврши примопредавањето на Град Скопје, очекувам за 72 часа градот да биде целосно исчистен,“ изјави Мицкоски.
Во меѓувреме, Град Скопје со недели се соочува со сериозна еколошка криза – преполни контејнери, отпад по улиците и неподносливи миризби во повеќе населби.
Кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој во првиот круг на изборите освои најмногу гласови, изјави дека веднаш по преземањето на функцијата ќе спроведе 72-часовна акција за расчистување на градот.
„Скопје е претворено во голема депонија. Општините немаат механизација ниту ингеренции за празнење на контејнерите, но сите градоначалници и компании се мобилизирани за да го амортизираат хаосот,“ рече Ѓорѓиевски.
Обвинителството минатата недела соопшти дека ќе се прибираат докази за евентуално кривично дело поврзано со отпадот, а Владата го задолжи МВР, Државниот комунален инспекторат, Инспекторатот за животна средина, санитарните служби и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ за да се утврди реалната состојба.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...