Skip to content

Програмата „Заедници со интегритет” презентирана во Битола – обука за судир на интереси

0 мин. читање
Сподели

Во Битола беше презентирана антикорупциската програма „Заедници со интегритет”, чија цел е да им помогне на македонските општини да воспостават силни системи и практики за интегритет, со минимизирање на ризиците од корупција.

Програмата е финансирана од владите на Швајцарија и Шведска и се имплементира преку Националниот демократски институт (НДИ). Денешната обука беше посветена на темата „Судир на интереси” и беше наменета за вработените во општинската администрација, избраните и именуваните функционери.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски ги поздрави учесниците и истакна дека програмата е важна за Битола да остане високо рангирана на листата за транспарентност. Пред само неколку недели, Транспарентност Интернешнл – Македонија додели високи оценки на Општина Битола во рамките на истата иницијатива.

На обуката зборуваа и претставник на НДИ и Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување на корупција, кој ги информираше учесниците за забраните и ограничувањата за вработените во јавниот сектор во врска со судир на интереси.

Програмата се спроведува и во повеќе други општини во Македонија, со цел системска борба против корупцијата на локално ниво и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.