Skip to content

Прво одобрение за градење со нула денари комуналии во Општина Аеродром

1 мин. читање
Сподели

Општина Аеродром го издаде првото одобрение за градење со целосно ослободени комуналии – мерка неодамна усвоена од општинскиот совет за поддршка на младите семејства.

Гоце од Долно Лисиче стана првиот жител кој ја искористи оваа можност, формално означувајќи го почетокот на спроведувањето на програмата за станбена поддршка на младите.

Општинската одлука предвидува целосно ослободување од комуналии за жители до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат свој дом. Стимулацијата беше усвоена на конститутивната седница на новиот совет.

„Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом”, соопштија од општината, честитајќи му на првиот корисник и на сите млади луѓе кои ја избираат оваа општина за живеење.