Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Психолог во ЈЗУ Општа болница Струга, магистер по специјална едукација и рехабилитација и психотерапевт со 14 години стручни обуки зад себе, била избркана од работа веднаш откако соопштила дека е бремена, објави СДК.мк. Наместо договорот да ѝ биде продолжен, раководството на болницата ја отстранило од работното место – период во кој, паралелно, биле вработени нови 65 лица.
Стресот што го претрпела по одлуката на менаџментот, според документите поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, довел до трагичен исход: жената го изгубила бебето во 27-та гестациска недела – седмиот месец од бременоста.
Комисијата утврдила директна интерсекциска дискриминација, бидејќи на нејзино место бил примена друга, помлада кандидатка, а болницата продолжила со масовни вработувања. Во пријавата, оштетената навела дека директорот ѝ рекол:
„Оди дома, сега имаш поважна работа. Бремена си.“
Во медицинската документација од Универзитетската клиника за гинекологија се наведува дека жената имала уредна и здрава бременост, без ризици.
„Тортурата врз мене го направи своето… Работев и без плата, само чекав да најдат решение“, напишала таа во претставката.
Директорот, иако не ја демантирал замената на нејзиното работно место со друг психолог, тврдел дека никогаш не ѝ кажал да си оди дома. Но, болницата не доставила доказ дека прекинувањето на договорот немало врска со бременоста.
Комисијата потсетува:
„Бремените жени уживаат посебна законска заштита, вклучително и тие ангажирани со договор на дело. Во овој случај е прекршен и Уставот, кој гарантира еднаквост.“
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...