Skip to content

Пукање кај израелскиот конзулат во Истанбул – тројца напаѓачи убиени, двајца полицајци повредени

0 мин. читање
Сподели

Вооружен напад се случи во близина на зградата на израелскиот конзулат во Истанбул, при што загинаа тројца напаѓачи, а двајца турски полицајци се повредени.

Напаѓачите биле вооружени со долги цевки, но мотивот зад нападот сè уште не е официјално соопштен. Турската полиција брзо го обезбеди поширокиот периметар околу објектот и ги зголеми безбедносните сили во тој дел од градот.

Според турските медиуми и агенции, ситуацијата е ставена под контрола и инцидентот е завршен. Истовремено, според достапните информации, во моментов нема израелски дипломати во Турција, што отвора дополнителни прашања за вистинската цел и причината за изборот на конзулатот како локација за нападот.

Засега нема потврда за дополнителни жртви ниту за идентитетот на напаѓачите. Истрагата е во тек, а турските власти се очекува во наредните часови да објават повеќе детали за околностите, безбедносниот одговор и можното заднинско сценарио на пукањето.