Skip to content

Ракети на НАТО го погодија Брјанск: Шест загинати во удар врз руска фабрика за воена електроника

1 мин. читање
Сподели

Воздушни удари извршени со ракети Storm Shadow го погодија производствениот комплекс „Силикон Ел” во рускиот град Брјанск. Во фабриката се изработуваат електронски компоненти и микроделови за воена опрема, вклучително за радарски системи и системи за противвоздушна одбрана.

Повеќе експлозии го зафатиле индустрискиот комплекс, по што избил пожар во дел од постројките. Ракетите биле лансирани од авион Су-24, соопштија руски извори.

Во нападот загинале шест лица, а најмалку 37 биле повредени. Локалните служби продолжуваат со отстранување на последиците и збрижување на повредените.

Фабриката „Силикон Ел” е позната по производство на електронски елементи кои се користат во руската воена технологија. Уништувањето на ваков производствен капацитет има директно влијание врз производствените можности на рускиот одбранбен сектор.