Skip to content

Распишан тендер за 150 електрични автобуси за Скопје и општини: вредност 51 милион евра

1 мин. читање
Сподели

Министерството за транспорт и врски го распиша тендерот за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на вкупна вредност од 51 милион евра. Рокот за доставување на понуди е 30 март 2026 година.

Ова е втор обид по неуспешниот тендер од јуни минатата година, кој пропадна затоа што единствениот апликант не ги исполни техничките барања. Новиот тендер предвидува поконкретни спецификации: автобусите мора да бидат во бела или црвена боjа, да имаат минимум 33 седишта и капацитет за нај малку 66 патници, а секоjа станица за полнење мора да обезбеди минимум 120 киловати.

Планираната распределба е следна: 100 автобуси ќе бидат наменети за ЈСП „Скопје”, a 50 за општини надвор од главниот град. Динамиката на испораки е разделена во три фази: 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 во рок од 12 месеци и последните 60 во рок од 18 месеци.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски претходно ja потенцираше важноста на проектот. „Зважувајќи го ангажманот на премиерот во овоj процес, сум уверен дека новите автобуси ќе пристигнат оваа година,” изjaви тоj.

Според истражување на Центарот за граѓански комуникации, ЈСП „Скопје” моментално располага со 341 автобус, од кои само 185 се во работна состојба, а секој ден сообраќаат само 157. Бројот на патници се намалил за 30 милиони во последната деценија — од 52 на 22 милиони годишно. Новите електрични автобуси треба да придонесат кон обнова на jавниот превоз и намалување на загадувањето во градот.