Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
„Македонијатурист“ АД Скопје најави амбициозен проект за реконструкција на четири од своите најпознати хотели во Скопје – „Бристол“, „Турист“, „Белви“ и „Јадран“ (познат како Арапска куќа). Откако неодамна се забележа дека во хотелот „Бристол“, затворен повеќе од една деценија, се изведуваат градежни активности, компанијата сега објави јавен повик за овластени проектантски бироа за изработка на идеен и основен проект со сите фази, како и проект за ентериерно уредување. Понудите се доставуваат најдоцна до 17 ноември 2025 година.
Изборот на проектантите ќе се базира на најдобар сооднос помеѓу времето за изработка, цената и референтната листа (портфолио). За хотелот „Јадран“, кој е заштитен како културно наследство, ќе се применат сите законски прописи за конзервација и заштита на културното наследство.
Со новата сопственичка структура на „Македонијатурист“, во која најголем поединечен акционер е „Скопски пазар“, компанијата планира целосна реконструкција на затворените и запуштени објекти со сопствени средства, при што ќе се зачува нивниот автентичен изглед.
Хотелот „Бристол“, најстар од овие објекти, почнал да се гради во 1920 година и бил отворен во 1924 година. Тој беше познат по семејни прослави, забави и летни тераси, а подоцна стана место за популарната дискотека „Таверна“. Затворен е во 2012 година, а сега се реновира и наскоро ќе ги отвори вратите за посетители.
Хотелот „Јадран“ е заштитен објект и претходно бил познат како Арапска куќа, дело на архитектот Иван Артемушкин. Првично изграден како приватна куќа, во 60-те години преминува во рацете на „Македонијатурист“ и добива ново име и намена.
Хотелот „Турист“ е изграден во 1958 година од македонскиот архитект Драган Томовски и сè уште функционира како дел од ланецот „Бест Вестерн“. Најновиот од овие хотели, „Белви“, е изграден во 1969 година во општина Илинден.
Според најавите од компанијата, реновирањето ќе се одвива со сопствени средства и во согласност со одобренијата на надлежните институции, при што секој објект ќе го зачува својот историски и културен идентитет.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...