Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Руската страна се согласила да го продаде својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), кој изнесува 56,15%, пренесуваат српските медиуми. Информацијата ја потврди српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
Министерката изјави дека преговорите за продажбата веќе се во тек, при што Србија е директно вклучена, имајќи го предвид фактот дека државата е втор најголем акционер со 29,8%.
„Руските сопственици се согласиле да го продадат својот удел. Ние сме информирани и активно ги следиме разговорите, бидејќи е од витален интерес НИС да продолжи да работи успешно. Тоа е клучно за енергетската стабилност на нашата земја“, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ.
Министерката посочи дека државата свесно не открива кој е потенцијалниот купувач.
„Станува збор за сериозни деловни преговори. Додека не се финализираат или барем не се усогласат најважните детали, не е професионално да се објавуваат имиња. Ништо не се крие од јавноста – досега сме комуницирале транспарентно“, нагласи таа.
Приоритет на Србија, како што додаде, е рафинеријата да продолжи со работа и што поскоро да се обезбеди нов проток на сурова нафта преку ЈАНАФ.
Паралелно со преговорите за продажбата, НИС преку адвокати во САД поднел барање до американската влада за продолжување на лиценцата за работа.
Целта е компанијата да продолжи со набавка на сурова нафта и непречено функционирање на рафинеријата.
„Сега ја чекаме одлуката на американската влада дали предложениот модел, во кој и ние сме директно вклучени, ќе биде прифатен“, изјави министерската.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.
Претседателката на српскиот парламент ги брани набавките на ракети и укажува дека земјата е во црвена тревога од 1999 година.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Српскиот претседател тврди дека тројниот воен сојуз чека поволен геополитички момент за напад, додека Белград рекордно ги зголемува одбранбените трошоци.
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката за распишување вонредни парламентарни избори нема да зависи од исходот на локалните гласања...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди набавката на кинески хиперсонични балистички ракети, предупредувајќи дека соседните земји само чекаат поголем конфликт...
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека Србија поседува хиперсонични балистички ракети и изјави дека нејзините соседи го чекаат вистинскиот момент...