Skip to content

Русија и даде ултиматум на Украина – два месеци за повлекување од Донбас

1 мин. читање
Сподели

Рускиот ултиматум кон Украина предвидува рок од два месеци за повлекување на украинските сили од Донбас, по што, наводно, војната би завршила.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија им порачала на Украинците дека имаат два месеци да се повлечат од Донбас и дека потоа војната ќе заврши. „А ако Украина не се повлече, тогаш Русија ќе го ‘откупи’ Донбас, а потоа ќе продолжи понатаму”, рече Зеленски.

Украинскиот лидер изрази скептицизам кон овој предлог, посочувајќи на очигледната противречност во позицијата на Москва. Ако Донбас е единствената цел, зошто руските претставници истовремено сугерираат продолжување на експанзијата?

Зеленски наведе дека и американски претставници спомнале слични сценарија, изразувајќи збунетост околу тоа како некој може сериозно да верува во ваков пристап кон преговорите и територијалните барања.