Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Планираниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта, е под сe поголем знак прашалник. Трамп изјави дека ќе се сретне со Путин само доколку средбата може да донесе конкретни резултати, нагласувајќи дека не сака залуден состанок и дека нема да троши време без јасни сигнали за напредок.
Претходно, состанокот беше најавен како дел од пошироки дипломатски подготовки, но по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, плановите очигледно се одложени. Првично требаше да има и прелиминарна средба меѓу двајцата министри, но таа е откажана. Од Кремљ веќе пристигнаа сигнали дека за евентуална средба е потребно дополнително разјаснување. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека останува многу работа што треба да се заврши и потсети дека позицијата на Русија не е променета. Москва и понатаму бара контрола врз целиот регион Донбас и гаранции дека НАТО нема да стационира трупи во Украина.
Според информациите на Ројтерс, Русија доставила неформален документ до САД со свои услови за мировен договор, во кој ги повторила претходните максимални барања. Ова во пракса значи одбивање на предлогот на Трамп за замрзнување на фронтовските линии во нивната моментална состојба. Иако телефонскиот разговор меѓу Рубио и Лавров бил оценет како продуктивен, ниту Русија ниту Украина не покажуваат подготвеност за сериозни мировни преговори.
Само еден ден по тој разговор, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Белата куќа, каде побара дозвола за набавка на американски крстосувачки ракети „Томахавк“, со кои Украина би можела да изведе офанзивни операции длабоко на руска територија. Трамп не даде конкретен одговор и повтори дека негов приоритет е завршување на војната, а не нејзино продлабочување.
Првично најавената средба во Будимпешта сѐ уште нема нов датум, а Кремљ и Белата куќа засега само најавуваат понатамошни дипломатски консултации. Иако постои интерес за дијалог, преговорите се соочуваат со сериозни пречки и големи политички несогласувања, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу можниот самит меѓу двајцата лидери.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, обвинувајќи го дека бил „водач на бунт“ поради...
Крзнената играчка Лабубу, која го освои светскиот пазар и стана еден од најбараните производи на кинеската компанија Поп Март, се...
Претседателот Трамп наговестува дека државниот секретар Марко Рубио, кој е и советник за национална безбедност и вршител на должноста национален...
Германската армија потврди случаи на сексуално вознемирување Германската армија е потресена од широко распространето сексуално вознемирување и крајно десничарски екстремизам...
Марк Рафало имаше остри зборови за Доналд Трамп на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерта....
Тврдењето дека Иран го „исклучи“ Starlink во суштина ја открива клучната слабост на овој систем: Starlink не е суверена телекомуникациска...
Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, ја повика Јужна Кореја да го истражи неодамнешниот инцидент со јужнокорејско беспилотно...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја отфрли изјавата на Трамп дека повеќе нема да добива нафта и пари од Венецуела, додавајќи...
Претседателот на Владата на швајцарскиот кантон Вале изрази гнев поради фактот што локалните власти со години не извршиле инспекциски проверки...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, упати исклучително остри и навредливи коментари против украинскиот претседател...