Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Според тврдењата на претседателот Доналд Трамп, Соединетите Американски Држави го извршија, својот прв копнен напад врз Венецуела. Трамп изјави дека нападот бил извршен на Бадник, а целта бил објект каде што наводно се наоѓале бродови за транспорт на дрога, пишува Телеграф.
Во интервју за Фокс њуз, американскиот претседател ја опиша акцијата подетално. „Тие имаат голема фабрика,= од каде што доаѓаат бродовите. Пред две ноќи, го уништивме тој објект. Ги погодивме многу силно“, рече Трамп. Засега, останува нејасно за кој објект точно станува збор.
Доколку оваа информација се потврди, тоа би бил првиот напад врз венецуелска територија откако Вашингтон започна кампања за соборување на претседателот Николас Мадуро. Венецуелската влада или тамошните службеници сè уште јавно не го објавија копнениот напад на САД.
Експлозија во државата Зулија
На Бадник, на платформата X се појавија снимки на кои се гледа експлозија во венецуелската држава Зулија, во близина на Маракаибо, вториот по големина град во земјата. Сепак, хемиската компанија Примазол, која работи во областа, објави соопштение во кое се наведува дека пожар избувнал во еден од нивните магацини наутро на 24 декември.
Компанијата „категорично ги отфрли“ сите сугестии дека пожарот е резултат на американски напад. Од почетокот на септември, американските сили извршија околу дваесет напади врз мали бродови обвинети за транспорт на нелегални дроги во САД, во кои 105 лица ги загубија животите.
Администрацијата, исто така, заплени најмалку два „бродови-духови“ под обвинение за нелегален транспорт на сурова нафта, дел од целосна поморска блокада дизајнирана да ги прекине клучните извори на приход за венецуелскиот претседател.
Трамп ги собра најголемите воени сили на Карибите во последните неколку генерации: 11 воени бродови, вклучувајќи го најголемиот носач на авиони во светот, амфибиски јуришен брод, два амфибиски транспортни дока, два крстосувачи и пет разорувачи. И покрај ова, Трамп досега се чинеше дека се воздржува од директно соочување со Мадуро, фокусирајќи се на ослабување на неговото владеење со задушување на приходите од нафта.
Притисокот врз Мадуро расте
Администрацијата на Трамп не ја крие својата намера да го принуди Мадуро да ја напушти власта, тврдејќи дека тој е водач на нарко-бандата „Картел де лос Солес“. Во август, САД ја зголемија наградата за неговата глава на 50 милиони долари.
Претседателот со месеци се заканува со копнени напади поради зголемените тензии и бројните напади врз бродови. Во ноември, објави Си-Би-Ес, високи воени претставници, вклучувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн, му презентираа на Трамп опции за воена интервенција што вклучуваа копнени напади.
Ваквите напади се сметаат за претпочитана тактика на администрацијата бидејќи претставуваат релативно низок ризик за американските животи, за разлика од опциите што би можеле да ги доведат американските трупи во опасност. Во октомври, Трамп потврди дека ја овластил ЦИА да спроведува тајни операции во Венецуела.
Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на Белата куќа, овој месец за „Венити фер“ изјави, дека претседателот „сака да продолжи да дига во воздух бродови сè додека Мадуро не „признае пораз“.“ На 22 декември, самиот Трамп испрати директно предупредување до Мадуро: „Ако сака да направи нешто, ако игра строго, тоа ќе биде последен пат кога ќе може да игра строго“, рече тој.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Нафтена индустрија на Србија (НИС) денеска ги информираше потрошувачите дека од утре повеќе нема да бидат снабдувани со гориво, бидејќи...
Според повеќе извештаи од странски медиуми и организации за човекови права, најмалку 2.000 лица се убиени во Иран во серија...
Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, обвинувајќи го дека бил „водач на бунт“ поради...
Крзнената играчка Лабубу, која го освои светскиот пазар и стана еден од најбараните производи на кинеската компанија Поп Март, се...
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Претседателот Трамп наговестува дека државниот секретар Марко Рубио, кој е и советник за национална безбедност и вршител на должноста национален...
Германската армија потврди случаи на сексуално вознемирување Германската армија е потресена од широко распространето сексуално вознемирување и крајно десничарски екстремизам...
Марк Рафало имаше остри зборови за Доналд Трамп на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерта....
Тврдењето дека Иран го „исклучи“ Starlink во суштина ја открива клучната слабост на овој систем: Starlink не е суверена телекомуникациска...