Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Спортската сала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – објект во кој државата вложи околу 2,5 милиони евра, шест години стои целосно неизкористен и разурнат. Наместо современ спортски центар за повеќе од 4.000 студенти, салата денес претставува симбол на институционален пропуст и негрижа.
Изградена во 2017 година со цел студентите од Правниот, Економскиот и Филолошкиот факултет да добијат соодветни услови за физичко образование, салата никогаш не беше пуштена во употреба. За краток период, новиот објект прерасна во руина: скршени прозорци, оштетени трибини, уништена подлога и простории претворени во депонии.
По години застој, Министерството за спорт соопштува дека конечно е започната процедурата за реконструкција. Тендерската постапка за избор на изведувач е во тек и, според планот, треба да биде завршена до крајот на годината.
„Откако ќе се избере изведувач, реконструкцијата ќе започне во законски предвидениот рок. Овој објект е приоритетен проект, бидејќи над 4.000 студенти ќе може конечно да одржуваат настава по физичко образование и да спортуваат во современи услови“, велат од Министерството за спорт.
Доколку сè се одвива по план, напуштената сала би можела да се претвори во функционален спортски центар кој конечно ќе ја исполни целта за која беше изграден.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...