Skip to content

СДСМ: Две недели молк за петте тони дрога — скандалот води до врвот на Владата

1 мин. читање
Сподели

Опозицијата побара одговорност од премиерот Христијан Мицкоски и од надлежните институции за она што го нарекоа „најголемиот нарко-скандал во регионот”, обвинувајќи ги за 14-дневен молк по откривањето на пет тони дрога што поминале преку државната граница.

Од СДСМ посочуваат дека ниту премиерот, ниту надлежните функционери не дале никакво објаснување за тоа како толкаво количество дрога успеало да биде транспортирано со товарни возила покрај системите за надзор и граничните контроли.

„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата”, се наведува во соопштението на опозицијата.

СДСМ реагира и на изјавата на Мицкоски во која спомнал заплена од 100 тони марихуана, прашувајќи како било можно толкаво количество да се произведува без институциите да реагираат. Според нивните пресметки, за производство на таква количина би била потребна површина од над 30 хектари, што отвора сомнежи за сериозни пропусти во надзорот.

Партијата постави конкретни прашања за улогата на Министерството за внатрешни работи, инспекциските служби и безбедносните агенции, како и за функционирањето на системот „Сејф сити” кој требаше да обезбеди целосен надзор на територијата.