Skip to content

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува без единствениот сојузник во ЕУ по падот на Орбан

1 мин. читање
Сподели

Падот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија предизвика бурни реакции во македонската политичка сцена. Опозицискиот СДСМ оцени дека ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во Европската унија.

„Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски. Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија”, велат од опозициската партија, оценувајќи дека историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион.

Од СДСМ посочуваат дека по 16 години владеење на Орбан, неговиот режим конечно падна. „Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим”, велат од партијата.

Победата на Петер Маѓар, според СДСМ, не е само победа на една партија, туку победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата.

Според прелиминарните резултати, опозициската Тиса обезбедила двотретинско мнозинство со 138 мандати наспроти 55 за Фидес, од вкупно 199 пратенички места.