Skip to content

Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

1 мин. читање
Сподели

Според романските медиуми, на само околу 80 километри од границата со Србија, во близина на Темишвар, се случи голема сообраќајна несреќа во која загинаa седум навивачи на ПАОК.

Грците беа на пат кон натпреварот од Лигата на Европа каде нивниот тим  игра против Лион  во четврток.

Како што може да се види на видеото, комбе со навивачи на ПАОК престигнало возило, а потоа без јасни знаци се префрлило во спротивната лента . На интернет кружи ужасно видео, кое го прикажува моментот на судирот и како комбето буквално се распаѓа за секунда.

Тројца навивачи ја преживеале несреќата. По несреќата се појави и видео, на кое се гледа комбето покрај автопатот, кое е непрепознатливо, а полицијата и брзата помош веднаш излегоа на местото на несреќата.