Skip to content

Седумгодишно дете тешко повредено во сообраќајка во Скопје

1 мин. читање
Сподели

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне во Скопје, кога автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки удри во седумгодишно дете-пешак на улицата „Максуд Садик“.

Возилото го управувала 24-годишната А.А. од Скопје, а од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди, потврдени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат причините за несреќата.