Skip to content

Сејф Сити со резултати: 100 сообраќајки помалку, но 47.000 прекршоци за брзина

1 мин. читање
Сподели

Проектот „Сејф Сити” (Безбеден град) покажува видливи резултати – од почетокот на годината бројот на сообраќајни незгоди во Македонија е намален за речиси 10 проценти.

Во периодот јануари-февруари 2026 регистрирани се вкупно 929 сообраќајни незгоди, што е 9,8 проценти помалку од истиот период во 2025 кога биле регистрирани 1.030 незгоди.

Од стартот на проектот во февруари до почетокот на април, системот регистрирал вкупно 46.970 прекршоци – алармантна бројка за сообраќајната култура на македонските улици. Дури 45.001 од нив се за побрзо возење од дозволеното.

Покрај прекршоците за брзина, системот регистрирал и 1.679 прекршоци за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 290 за минување на црвен сигнал.

Проектот наскоро ќе биде имплементиран и во Охрид и Струмица, каде веќе се поставуваат камери за дигитална контрола на сообраќајот.