Skip to content

Секој шести Германец откажува патување поради нестабилноста во светот

1 мин. читање
Сподели

Секој шести Германец ги откажал или одложил своите планови за патување поради глобалната нестабилност, покажа истражување на Германскиот институт за туризам. Студијата опфатила повеќе од 1.100 испитаници анкетирани во периодот 25-30 март.

Меѓу оние кои ги промениле плановите, 46 отсто целосно се откажале од патување, а 32 отсто откажале веќе направени резервации. Директорот на институтот Јулијан Рајф нагласи дека „одморот не е аполитичен” — политичките услови на дестинацијата имаат сè поголемо влијание врз изборот на патувањето.

Две третини од испитаниците сметаат дека политичката стабилност е важна или многу важна при изборот на дестинација, а 79 отсто изјавиле дека би избегнале региони зафатени со политички немири или граѓански нарушувања.

И покрај тоа, 72 отсто од Германците сепак планираат да патуваат во периодот од април до јуни — домашно или во странство. Баварија е најпопуларна домашна дестинација, додека Шпанија и Италија го водат рангот на странски дестинации.