Skip to content

Селена Гомез му кажа „Да“ на Бени Бланко – првите фотографии од венчавката го освоија Инстаграм

1 мин. читање
Сподели

Поп-ѕвездата и актерка Селена Гомез конечно му кажа „Да“ на својот сакан, музичкиот продуцент Бени Бланко. Венчавката се одржа на 27 септември во строго чувана тајност, но веднаш по свечениот чин, Селена ги изненади своите обожаватели со објава на Инстаграм.

Облечена во едноставна бела венчаница со елегантно отворен грб и со бидермаер од нежна момина солза, пејачката зрачеше со природна убавина и скромност. Бени избра класичен црн костум со вратоврска пеперутка, што совршено ја надополни романтичната атмосфера.

Иако парот се обидуваше да ги скрие сите детали за свадбата, на прославата присуствуваа околу 300 гости, меѓу кои и славни имиња како Тејлор Свифт, Парис Хилтон и Снуп Дог, кој се погрижи за дел од музичката програма и создаде вистинска забава.

Првите фотографии од венчавката веќе станаа вирални – со скоро 13 милиони лајкови за само неколку часа. На објавата, Селена напиша само еден детаљ: датумот на венчавката, оставајќи сè друго да зборува преку сликите.

Фановите ширум светот ја поздравија оваа голема одлука и ја нарекоа венчавката „свадба на годината“, а Селена и Бени уште еднаш докажаа дека љубовта не мора да биде гламурозна за да биде вистинска бајка.