Skip to content

Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс

1 мин. читање
Сподели

Општина Штип започна со реализација на проектот „Фонтана на ангелите”, спомен-обележје посветено на петте сограѓани загинати во трагедијата во ноќниот клуб „Пулс” во Кочани.

Вечерва граѓаните на Штип им оддадоа почит на загинатите на свечена церемонија каде беше поставен камен-темелник за меморијалната фонтана.

„Со почит и сеќавање – Штип никогаш не заборава”, беше пораката од настанот на кој присуствуваа семејствата на жртвите, локалните власти и граѓани.

Проектот претставува трајно обележје на трагедијата и сведоштво за солидарноста на заедницата со семејствата на загинатите.