Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Ризикот од воен конфликт меѓу Европа и Русија повеќе не е теоретска закана, туку реална можност за која европските држави не се доволно подготвени, предупредува CNN во своја опсежна анализа.
Како што наведува американската мрежа, овој заклучок произлегува од затворен состанок на експерти за одбрана, одржан минатиот месец во Лондон, во организација на Royal United Services Institute (RUSI). На настанот присуствувале поранешни високи воени лица, владини функционери, претставници на NATO, истражувачи и експерти од одбранбената индустрија.
Нивната проценка, според CNN, била едногласна и загрижувачка: Обединетото Кралство и неговите сојузници не располагаат со доволни капацитети за потенцијален конфликт кој, според разузнавачките проценки, би можел да избувне во следните неколку години.
Експертите нагласиле дека дискусијата не се водела за конкретни воени сценарија, туку за стратегијата на одвраќање. Заклучокот бил јасен – единствениот начин Европа да избегне директна војна со Русија е да биде подготвена да победи доколку таков конфликт сепак се случи.
Во тој контекст, било посочено дека покрај итната потреба од зголемени инвестиции во хронично недофинансираниот одбранбен сектор, неопходна е и суштинска промена во општествениот менталитет.
„Европските општества мора да бидат информирани дека ерата во која континентот можеше да го игнорира ризикот од војна е завршена“, изјави Сем Грин, професор по руска политика на King’s College London.
Според анализата, меѓу експертите постои растечки консензус дека Русија веќе води хибридна војна против Западот. Таа вклучува саботажни акции, дезинформациски кампањи, кршење на воздушниот простор на НАТО, блокирање на GPS-системи во балтичките држави и напади врз критична инфраструктура – активности што често се поврзуваат со руските разузнавачки служби.
Овие дејствија, велат аналитичарите, веќе имаат директно влијание врз јавното мислење и чувството на безбедност во Европа.
Иако Русија досега не нападнала директно земја-членка на НАТО, експертите сметаат дека тоа е поради свеста дека во моментов не може да го победи Алијансата. Но, оваа рамнотежа, предупредуваат тие, може да се промени.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неодамна изјави дека Русија би можела да биде подготвена за воен конфликт со Алијансата во следните пет години. Слични проценки изнесе и германската дипломатија, повикувајќи се на анализи на разузнавачките служби.
Во балтичките држави, пак, преовладува мислењето дека евентуален напад би можел да се случи и во следните три години. Истражување на Центарот Белфер при Harvard University ги посочува 2027 и 2028 година како критични временски точки.
Иако НАТО има изработено планови за одбрана на Балтикот, експертите предупредуваат дека тие се темелат на ресурси кои, во реалноста, сè уште не постојат.
Со децении Европа живееше со таканаречената „дивиденда од мирот“, инвестирајќи повеќе во социјални политики отколку во одбрана и потпирајќи се на САД за сопствената безбедност. Руската инвазија на Украина и враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа драматично го сменија овој баланс.
Денес, речиси сите членки на НАТО се приближуваат или веќе ја надминуваат целта од 2% од БДП за одбрана, со договор таа да порасне на 5% до 2035 година. Сепак, останува отворено прашањето дали европските влади ќе успеат да ги убедат своите граѓани дека овие жртви се неопходни – и дали имаат доволно време за тоа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Драгица Радосављевиќ Цакана неодамна беше ограбена, а таа јавно проговори за деталите од инцидентот. Како што таа истакна тогаш, разбојниците...
Со прогласувањето на вонредна состојба во Лучани и Ивањица, во Србија е прогласена вонредна состојба поради лоши временски услови во...
Синоќа силен и неконтролиран пожар ја зафати фабриката „Комодита“ (Comodita) во косовскиот град Ѓаковица, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите и итна...
Европската комисија објави дека повеќе од 40.000 лица млади од 18 години ќе можат бесплатно да патуваат со воз низ...
Членови на озлогласената меѓународна криминална мрежа „Пинк Пантер“ стојат зад вооружениот грабеж на златарница во хотелски комплекс на Халкидики, Грција,...
На националниот состанок во Малгара во близина на Солун кој траеше речиси четири часа, грчките земјоделци кои протестираат, кои ги...
„Катимерини“ пишува дека прелиминарните извештаи укажуваат на дефект на струјното коло, иако точната причина или потекло сè уште не е...
Граничниот премин Евзони кон Македонија и денеска ќе биде периодично затворен за сообраќај, поради продолжените блокади од грчките земјоделци. Според...
Вишиот суд во Нови Сад донесе одлука со која ја запира кривичната постапка против Горан Весиќ, Јелена Танасковиќ, Анита Димоски...
Силна експлозија одекна во раните утрински часови на Божиќ пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, при што...