Skip to content

Син на полициски командир брутално претепал маж

1 мин. читање
Сподели

Во Тетово се случил брутален напад, во кој 27-годишен син на командир во Полициската станица Тетово жестоко претепал 42-годишен маж кој работел во објект на „Тобако“, објави Телма.

Според очевидци, напаѓачот прво го удрил по глава со стаклено шише, а потоа жртвата била пронајдена во ископана дупка кај објект во изградба, со скршени нозе и тешки повреди на главата.

Повредениот маж бил итно пренесен на Клиниката во Скопје, каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Од СВР Тетово потврдија дека напаѓачот е лишен од слобода, а истрагата за мотивите и околностите на нападот е во тек.