Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Македонската јавност утрово ја преплавија реакции по објавата дека Иво Филипче, синот на претседателот на СДСМ Венко Филипче, на само 18 години основал сопствена компанија. Според податоците од Централниот регистар, фирмата „Демигод ДООЕЛ“ е регистрирана на 23 септември 2025 година, со дејност малопродажба на облека, објави порталот Фактор.мк.
Компанијата е лоцирана на ул. Њуделхиска во скопската населба Млечен ресторан – престижна и скапа локација, што веднаш ја поттикна јавната дебата за тоа како тинејџер успеал да започне ваков бизнис.
Реакциите на социјалните мрежи не изостанаа. Многумина потсетија на примерот на синот на Зоран Заев, Душко, кој исто така започна бизнис на 18 години. Неговата компанија „Тотал Енерџи“ за производство на електрична енергија лани пријавила добивка од околу 954 илјади евра, според јавно достапните податоци.
„Крушата под круша паѓа“, коментираат граѓаните, додавајќи дека и во политиката и во бизнисот на СДСМ „традицијата продолжува“.
Иво Филипче годинава ја заврши средното образование, а ова е негов прв регистриран бизнис. Дали оваа продавница ќе биде „нов почеток“ за младата генерација во политичките кругови или само уште еден пример на бизнис-отстапница за политичките семејства, останува да се види во следните месеци.
📍Фактор.мк прв го објави документот за регистрација на фирмата, а случајот веќе предизвика лавина реакции во јавноста и политичките кругови.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...