Skip to content

Системот потфрли: Мајката и ќерката од Тафталиџе со години биле жртви на семејно насилство

0 мин. читање
Сподели

Трагедијата во скопскиот кварт Тафталиџе доби ново, болно измерение. По смртта на мајка и ќерка кои паднале од зграда во Карпош, нивниот брат и вујко ја потресе македонската јавност со своето сведоштво за системски пропусти и долгогодишно семејно насилство.

„По години пријавувано семејно насилство, физичка и психичка злоупотреба, закани, пријавувања и обид за убиство во државна институција – ги изгубив внуката и сестрата. Државата овозможи млади животи да бидат угасени”, се вели во неговата изјава.

Семејството сведочи дека со години алармирало институциите – полицијата и центрите за социјална работа – за насилството кое го трпеле жената и детето, но без ефективна реакција. Имало дури и пријавен обид за убиство во рамките на државна институција. Сепак, ниту МВР, ниту социјалните служби не успеале да ги заштитат жртвите.

Реакциите на социјалните мрежи беа огромни. Мнозина граѓани и активисти коментираа дека станува збор не за трагична несреќа туку за системски пораз – систем кој не успева да ги заштити жените и децата жртви на насилство.

Основното јавно обвинителство соопшти дека ги собира докази и повикало повеќе лица на разговор. Наредена е обдукција на телата на двете починати. Семејството ветуваше дека нема да дозволи случајот да биде заборавен или третиран само како статистика.