Skip to content

Сообраќајна несреќа во Ново Лисиче: Автомобил покосил четиричлено семејство

0 мин. читање
Сподели

Вчера околу пладне во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајна несреќа, откако возач со автомобил „Опел Астра“ излетал од булеварот и покосил четворица пешаци, членови на едно семејство, пред да се забие во семафор, соопшти МВР.

Возилото го управувал Т.Н. од Скопје, а во несреќата повредени се двајца возрасни, Г.К. (40) и М.К. (39), како и две девојчиња.

Повредените пешаци биле итно пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им се констатирани телесни повреди.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а причините за излетувањето на возилото се сè уште предмет на истрага.