Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Семејството на трагично загинатата Теодора Ристовска остро реагираше по одлуката на Апелациониот суд во Гостивар, кој ја потврди двегодишната затворска казна за возачот Менсур Пајазити од село Голема Речица. Тој беше прогласен за виновен за сообраќајната несреќа во која во август 2022 година загина тогаш 22-годишната девојка.
Во писмо до јавноста, семејството ја оцени пресудата како „срам за правдата“ и порача дека казната е минимизирање на трагедијата што ја скрши нивната фамилија.

„Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза,“ се вели во реакцијата на семејството.
Тие посочуваат дека обвинетиот повторно се движи слободно и дури седнува зад воланот, без чувство на вина – што за нив претставува „навреда за сеќавањето на Теодора и за секој што изгубил најблиска личност“.
Семејството додава дека нема да молчи и ќе продолжи да ја бара правдата, иако понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство.
Несреќата се случи на 15 август 2022 година во Тетово, кога возачот управувал „БМВ“ со брзина од 59 км/ч и не му отстапил првенство на пешачки премин на Теодора Ристовска.
Во ноември 2023 година, Пајазити по признавање на вина првично беше осуден на 3 години и 6 месеци затвор.
По жалба, Апелацискиот суд ја намали казната на 2 години.
Врховниот суд ги укина двете пресуди и наложи повторно судење.
На 7 април 2025 година, во повторениот процес, обвинетиот ја призна вината и повторно беше осуден на 2 години затвор.
Апелациониот суд во Гостивар сега ја потврди таа пресуда.
„Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем,“ порача семејството Ристовски.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Поставен камен-темелник за меморијалната фонтана посветена на петте штипјани загинати во трагедијата во Кочани.
АМСМ информира за влажни коловози и снежни врнежи на повисоките делови, препорачувајќи внимателно возење.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 39 вонредни контроли, потврдувајќи значително подобрување на условите.
Градоначалникот Меџити присуствуваше на интензивната ноќна акција за чистење на улици, паркови и тротоари во пресрет на празникот.
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.
Градоначалникот на Гази Баба нареди уривање на импровизирани куќички во Керамидница изградени на државно земјиште.
Пратениците гласаат за предлогот на Владата судијата Ненад Савески да биде нов шеф на Јавното обвинителство, потребни се 61 глас.
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.