Skip to content

Србија ја враќа задолжителната воена служба од 2026 година

0 мин. читање
Сподели

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, изјави дека првата генерација регрути ќе започне со задолжителна воена служба на почетокот на 2026 година. За таа намена, српската армија веќе подготвила повеќе од 120 објекти.

Гашиќ нагласи дека процесот е комплексен и финансиски обемен, а за негово спроведување е потребно донесување на голем број законски и подзаконски акти. Според него, во есенската сесија на парламентот ќе се разгледува нов сет закони за војската, со што ќе се создадат услови за враќање на задолжителниот воен рок.

„Се надевам дека некаде во јануари–март ќе започнеме со првата генерација војници“, изјави Гашиќ за Јуроњуз.

Воедно, за сабота во Белград е најавена воена парада на српската армија.