Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, по доставено барање од ЕВН Хоум. Поскапувањето ќе стапи на сила од јануари и ќе важи за сите тарифни блокови, а ќе опфати и зголемување на цената на евтината струја.
Како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, зголемувањето по блокови ќе изнесува од 2,45 проценти во првиот блок, до 3,84 проценти во четвртиот блок, додека цената на евтината тарифа ќе се зголеми за 2,50 проценти.
Бислимовски појасни дека ЕВН Хоум побарал значително поголемо поскапување, во висина од 8 до 9 проценти, но Регулаторната комисија, како што рече, донела одлука за зголемување кое е „реално, оправдано и прифатливо за граѓаните“.
Тој додаде дека укинувањето на надоместокот од 200 денари за мрежарина, што претходно беше најавувано како можност, во овој момент не е оправдано. Според РКЕ, доколку тој надоместок се укине, цената на струјата би пораснала на 2,6 денари по киловат-час, што би предизвикало значително поголемо поскапување, вклучително и зголемување од дури 13 проценти на евтината тарифа.
За домаќинствата, новите цени значат умерено, но сепак осетно зголемување на сметките. Така, за потрошувачка само во првиот блок, сметката во просек ќе порасне за околу 57 денари месечно. За оние што трошат во првиот и вториот блок, зголемувањето ќе биде околу 70 денари, додека домаќинствата кои влегуваат и во третиот блок ќе плаќаат во просек околу 370 денари повеќе месечно. Оваа категорија опфаќа околу 14.000 домаќинства.
Од РКЕ посочуваат дека со ваквата одлука се прави обид да се одржи баланс меѓу финансиската стабилност на енергетскиот систем и заштитата на животниот стандард на граѓаните, во услови на зголемени трошоци и нестабилен енергетски пазар.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...