Skip to content

Светол понеделник: Православните верници го слават вториот ден од Велигден

0 мин. читање
Сподели

Православните верници денеска го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник.

Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верници ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба.

Христовото Воскресение се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек.

Со денешниот Светол понеделник започнува светлата недела. Велигденското славење трае три дена, па на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи и пријатели.

Кај христијаните овој ден треба да биде исполнет со веселба и заедништво.