Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Вредноста на јавните набавки во македонското здравство во последната деценија скокнала од 126 милиони евра на дури 315 милиони евра. Но, овој огромен раст на тендерските суми доаѓа паралелно со континуиран пад на бројот на болнички случаи и здравствени услуги што ги добиваат граѓаните во државните клиники и болници.
Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, кое ги анализирало набавките во периодот 2015–2024 година, вредноста на тендерите се зголемила за два и пол пати – тренд што, како што велат од организацијата, не може да се оправда со инфлацијата, особено затоа што цените на лековите се под строга институционална контрола.
Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации објаснува дека бројките се алармантни:
„Констатиравме огромен јаз помеѓу растот на јавните набавки и падот на услугите за пациентите. Во овој десетгодишен период бројот на болнички случаи е намален за 14%. Бројот на болнички денови – за 24%. Специјалистичките прегледи во 55-те клиники и болници се намалени за 19%. Имаме пад на сите полиња, а вредноста на набавките расте два и пол пати.“
Истражувањето открива уште една загрижувачка појава: драматично намалување на бројот на фирми што учествуваат на тендерите.
Минатата година, на 3.373 јавни набавки се пријавила само една компанија – податок што според невладиниот сектор покажува дека бизнис-заедницата губи интерес за натпреварување, бидејќи „се е претходно договорено“.
Факиќ додава:
„Просечниот број понуди во земјава и онака е низок, но во здравството е уште понизок – под националниот просек. Над половина од вредноста на тендерите, над 150 милиони евра годишно, се доделуваат со само една понуда. Кога има само еден понудувач, особено кај лековите, се овозможува да се постигне максималната цена.“
Целта на анализата е да утврди дали растот на средствата вложени преку јавни набавки довел до подобрување на здравствените услуги. Податоците, меѓутоа, покажуваат спротивно — огромна финансиска експанзија, но значително помалку услуги за пациентите.
Оваа несразмерност, предупредуваат од Центарот за граѓански комуникации, може да укаже на зголемени корупциски ризици и потреба од темелни реформи во системот на јавни набавки во здравството.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...