Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Во редовните житни производи што секојдневно се консумираат во Европа – леб, тестенини и житарки за појадок – откриени се високи концентрации на токсични „вечни хемикалии“, покажува новото истражување на Мрежата за акција против пестициди во Европа (PAN Europe), пренесува The Guardian.
Анализата открива дека просечните нивоа на трифлуороцетна киселина (TFA), супстанца што е краен продукт на распаѓањето на PFAS-пестицидите, се и до 100 пати повисоки во храната отколку во водата од чешма. PFAS-хемикалиите се широко користени уште од 1950-тите и се познати како „вечни“ поради нивната речиси целосна неразрушливост, што им овозможува да останат во животната средина со стотици години.
TFA е класифицирана како репротоксична супстанција, што значи дека може да предизвика проблеми со плодноста, нарушен фетален развој и оштетувања на репродуктивното здравје. Поврзана е и со нарушувања на тироидната жлезда, црниот дроб и имунитетот – но, и покрај тоа, европските институции сè уште не спроведуваат систематски мониторинг на нејзиното присуство во храната.
Во првата ваква студија на ниво на ЕУ биле анализирани 65 житни производи од 16 земји, при што TFA е откриена во 81,5% од примероците. Највисоки концентрации се регистрирани во:
житни снегулки од Ирска,
интегрален леб од Белгија и Германија,
француски багет.
Контаминацијата е детектирана во широк спектар намирници – шпагети, кроасани, меденки и бројни други производи од пченица.
Активистите бараат итна забрана на PFAS-пестицидите и построги ограничувања за TFA за да се спречи дополнително загадување на синџирот на исхрана.
„Сите сме изложени на TFA преку храната и водата за пиење. Нашите резултати покажуваат дека е неопходна итна забрана за PFAS-пестицидите,“ предупреди Саломе Ројнел од PAN Europe.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Подгорица привремено го затвори Поглавјето 21 за трансевропски мрежи, достигнувајќи 14 затворени поглавја од вкупно 33.
Атина нема намера да се вклучи во конфликтот. Грчкото ангажирање останува ограничено на мисијата Аспидес во Црвеното Море.
Атина и Солун зафатени од транспортен хаос. Синдикатите нема да отстапат додека не бидат повлечени мерките кои водат кон банкрот.
На меѓувладината конференција во Брисел привремено е затворено Поглавјето 21. Останати се уште 19 поглавја до завршување на процесот.
Парламентарните избори следниот викенд претставуваат фундаментален избор за Словенија, а Брисел ги следи со невообичаено внимание.
Европските туристи ги откажуваат плановите за Кипар, Турција и Грција и масовно резервираат алтернативни дестинации, меѓу кои истакнато место зазема...
Турција распоредува шест борбени авиони Ф-16 во северниот дел на Кипар, со очекувано пристигнување во понеделник - одлука во контекст...
Авион на Ер Србија полета за Дубаи за евакуација на 260 државјани, со дополнителни летови за Ријад на 9 март,...
НАТО Заедничката команда од Неапол ја потврди заедничката воена вежба со српската армија во мај на локацијата Боровац, по покана...
Поранешна висока државна функционерка во Подгорица поднела пријава до полицијата откако нејзини снимки почнале да се шират, а случајот добива...