Skip to content

Трамп испрати ултиматум до Иран: Отворете го Ормуз за 48 часа или уништуваме се

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп упати драматичен ултиматум кон Иран: доколку во рок од 48 часа не го отвори целосно Ормушкиот Проток, САД ќе започнат со уништување на ирански електрични централи, почнувајќи од најголемата.

Заканата доаѓа додека Иран одржува блокада на проливот, спречувајќи „непријателски бродови” да поминуваат, што предизвика скок на цените на нафтата и дестабилизација на глобалните пазари.

Техеран возврати со закана дека ќе изврши директни напади врз американската енергетска инфраструктура во регионот доколку бидат погодени ирански објекти.

Трамп претходниот ден сугерираше можна воена деескалација, но со овој ултиматум ги заостри тензиите до нови нивоа. Регионалната криза, која започна на 28 февруари со американско-израелските удари врз ирански цели, продолжува да се продлабочува без знаци за смирување.