Skip to content

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува дека Израел би употребил нуклеарно оружје против Иран, нагласувајќи дека таков сценарио „никогаш не би се случил”.

„Израел нема да го направи тоа. Израел никогаш не би го направил тоа”, категорично одговори Трамп кога го прашаа новинарите.

Изјавата доаѓа по коментарите на неговиот советник Дејвид Сакс, кој спомна потенцијална ескалација на конфликтот за време на подкаст-емисија.

Иако Израел никогаш официјално не потврдил дека поседува нуклеарни способности, земјата со децении одржува намерна двосмисленост за да избегне заострување на тензиите околу нуклеарната програма. Според проценките на Стокхолмскиот институт за истражување на мирот (СИПРИ), Израел поседува приближно 90 нуклеарни боеви глави.

Трамп исто така тврдеше дека „спречил Трета светска војна”, велејќи дека Иран ќе го уништел Блискиот Исток без американската интервенција. Тој изрази разочараност од Кина и Јапонија во контекст на тековната криза.