Skip to content

Трамп ќе им го претстави предлогот за поствоено управување со Газа на арапските лидери

1 мин. читање
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе го презентира својот предлог за идно управување со Газа по војната пред лидерите на неколку арапски и муслимански држави, пренесуваат Аксиос и Ал Џезира.

На состанокот, кој ќе се одржи со претставници од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан, Трамп ќе ги изложи клучните точки од планот: ослободување на заложниците, ставање крај на конфликтот, израелско повлекување од Газа и воспоставување поствоена управа без учество на Хамас.

САД очекуваат од арапските и муслиманските земји да обезбедат воени сили за одржување на безбедноста во Газа и да дадат финансиска поддршка за транзицијата и обновата на регионот. Индонезија веќе сигнализираше подготвеност да испрати миротворци, изјави претседателот Прабово Субианто.

Во меѓувреме, израелската страна скепточно го гледа можниот ангажман на Палестинската власт (PA) во идната управа, додека Хамас испратил писмо до Трамп со предлог за 60-дневно примирје во замена за ослободување на половина од преостанатите заложници – понуда која сè уште се разгледува.

Американската администрација верува дека токму арапските држави можат да ја одиграат клучната улога во обезбедување траен мир и стабилност, но останува неизвесно дали овој план ќе биде прифатен од сите страни вклучени во конфликтот.