Skip to content

Трамп Помладиот од Бања Лука удри по ЕУ – Европа е целосна катастрофа

1 мин. читање
Сподели

Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Помладиот, ја посети Бања Лука каде остро ја критикуваше Европската Унија, оценувајќи ја како „целосна катастрофа што треба да се поправи”.

На панел-дискусијата, Трамп Помладиот го пофали унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи го „голем борец за западните вредности”. Посетата е оценета како ПР победа за Милорад Додик, кој преку својот син Игор ја организира средбата.

Игор Додик најави дека Трамп Помладиот ќе донесе американски инвеститори за хидроцентрали на Дрина, иако еколошките организации предупредуваат дека проектот „Бук бијела” би ја претворил реката во езеро долго 30 километри.

Посетата се одвиваше под засилени безбедносни мерки, а Трамп Помладиот пристигна на аеродромот во Бања Лука каде го пречека Игор Додик во својство на организациски секретар на владејачката СНСД.

Аналитичарите оценуваат дека посетата е дел од поширока американска офанзива во регионот, истовремено со посетата на потпретседателот Венс во Будимпешта.