Skip to content

Трамп во вонредно обраќање: Иран е уништен, завршени се

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп во 20-минутно обраќање до нацијата прогласи дека Иран е уништен и дека најтешката фаза од војната е завршена.

„Оваа вечер можам да известам дека клучните стратешки цели се близу до остварување. За четири недели нашите сили постигнаа брзи, одлучни победи какви ретко се забележани”, изјави Трамп.

Претседателот предупреди дека САД ќе удрат „исклучително силно” во наредните две до три недели доколку Техеран одбие преговори. Тој закани дека ќе бидат нападнати иранските електрани ако не се постигне договор, тврдејќи дека Америка ги држи „сите карти” во преговорите.

Трамп побара отворање на Хормушкиот Теснец како услов за прекин на огнот, истакнувајќи дека земјите кои увезуваат нафта преку овој теснец треба да преземат одговорност за неговата безбедност.

Операцијата трае 32 дена, а Трамп ја спореди со претходните американски конфликти кои траеле со години, нагласувајќи ја брзината на оваа кампања.