Skip to content

Трамп запрети: Иран може да биде збришан за една ноќ

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на прес-конференција со фокус на војната со Иран, при што упати драматично предупредување дека целата иранска територија може да биде „збришана за една ноќ”.

„Тоа може да биде утре навечер”, рече Трамп, алудирајќи на рокот што му го дал на Иран до среда наутро по средноевропско време.

Претседателот ја пофали „многу историската” операција за спасување на двајца војници катапултирани од авион Ф-15. Истакна дека биле ангажирани 155 летала, вклучувајќи четири бомбардери и 64 борбени авиони.

Трамп запрети дека Иран ќе остане без „мостови” и „електрани” доколку не го отвори Ормускиот теснец. Исто така, најави дека неговата администрација интензивно ќе работи на откривање на лицето кое објавило информации за операцијата, заканувајќи им на новинарите со затвор.

Министерот за одбрана ја пофали одлуката за „брза и одлучна акција”, додека директорот на ЦИА истакна дека операцијата за спасување била „трка со времето”. Конференцијата траеше речиси час и пол, при што берзанските индекси реагираа со пад, а цените на нафтата пораснаа.