Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Турските власти продолжуваат со масовната истрага за местење натпревари и нелегално обложување во фудбалот. Во третиот бран апсења, истанбулското обвинителство соопшти дека се уапсени 24 лица, меѓу кои и високи фудбалски функционери и поранешни раководители на познати клубови.
Меѓу приведените е и Ерден Тимур, поранешен потпретседател на фудбалскиот гигант Галатасарај, како и Фатих Кулаксиз, потпретседател на клубот Ејупспор. Уапсен е и еден функционер на Турската фудбалска федерација, што дополнително ја засилува тежината на случајот.
Според соопштението на обвинителството, издадени се вкупно 29 налози за апсење, од кои 14 се однесуваат на активни фудбалери осомничени дека се обложувале на порази на сопствените тимови. Шестмина фудбалери се под сомнение дека директно влијаеле врз исходот на натпреварот Касимпаша – Самсунспор, одигран во октомври 2024 година.
Ова е трет по ред удар врз организираната мрежа за местење натпревари во турскиот фудбал, по претходните акции кои веќе доведоа до сериозни последици за целиот систем. Во ноември, Турската фудбалска федерација суспендираше околу 150 судии, додека речиси 1.000 фудбалери беа отстранети од натпреварување.
Од нив, 25 играчи настапувале во Првата лига, а останатите биле дел од клубови од втората, третата и четвртата турска лига. Властите најавуваат дека истрагата ќе продолжи и дека не се исклучени нови апсења, дополнителни суспензии и кривични постапки.
Случајот се смета за еден од најголемите скандали во историјата на турскиот фудбал и сериозно ја наруши довербата во натпреварувачкиот интегритет на лигите во земјата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Нафтена индустрија на Србија (НИС) денеска ги информираше потрошувачите дека од утре повеќе нема да бидат снабдувани со гориво, бидејќи...
Според повеќе извештаи од странски медиуми и организации за човекови права, најмалку 2.000 лица се убиени во Иран во серија...
Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, обвинувајќи го дека бил „водач на бунт“ поради...
Крзнената играчка Лабубу, која го освои светскиот пазар и стана еден од најбараните производи на кинеската компанија Поп Март, се...
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Претседателот Трамп наговестува дека државниот секретар Марко Рубио, кој е и советник за национална безбедност и вршител на должноста национален...
Германската армија потврди случаи на сексуално вознемирување Германската армија е потресена од широко распространето сексуално вознемирување и крајно десничарски екстремизам...
Марк Рафало имаше остри зборови за Доналд Трамп на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерта....
Тврдењето дека Иран го „исклучи“ Starlink во суштина ја открива клучната слабост на овој систем: Starlink не е суверена телекомуникациска...